Aнглискиот напаѓач Вејн Руни е едно од најголемите фудбалски имиња кои заиграле во американската МЛС лига, но легендарниот фудбалер не сака да ужива во статусот на супер ѕвезда.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Руни кој е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, при потписот со Ди-Си Јунајтед добил привилегии како приватна хотелска соба и летови со прв класа, но сето тоа напаѓачот го одбил.
33 годишниот фудбалер ги одбил овие привилегии затоа што сака да има ист третман како и останатите членови на тимот.
„Ако сте член на една екипа, тогаш вистински треба да бидете нивни член. Не сакам специјални привилегии, сакам да бидам третиран на ист начин како и останатите играчи. Јас сум дел од тимот“, изјави Руни за американските медиуми.
Од доаѓањето во САД Руни одигра 19 натпревари и постигна 12 погодоци.