Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО: ПСВ го казни непромислениот потег на Лорис и освои бод – Тотенхем пред елиминација“

ВИДЕО: ПСВ го казни непромислениот потег на Лорис и освои бод – Тотенхем пред елиминација“

Фудбалерите на Тотенхем се наоѓаат многу блиску до елиминација од Лигата на шампионите бидејќи и во третото коло од Лигата на шампионите останаа без победа.

После поразите од Интер и Барселона лондонскиот клуб вечерва ремизираше на гостински терен против ПСВ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тотенхем е очаен во Лигата на шампионите, а вечерва уште еднаш непријатно ги изненадија своите фанови.

ПСВ до водство стигна во 30-тата минута со голот на Ирвинг Лозано кој ја искористи големата грешка на гостите и го лобуваше Хуго Лорис.

После тој гол Тотенхем заигра многу подобро, а судијата неколку минути подоцна им поништи чист погодок поради непостоечки офсајд, до крајот на првото полувреме гостите од Лондон сепак успеаа да дојдат до изедначување.

Десет минути во вториот дел на „петлите“ им беа потребни да дојдат до целосен пресврт. Овој пат асистент беше Ериксен, а на вистинското место се најде Хари Кејн кој погоди а 1:2. Сепак сето тоа „падна во вода“ поради исклучувањето на Лорис пред крајот на натпреварот.

ПСВ на крајот тргна во целосна офанзива и тоа им се исплатеше во 87 минута кога Росарио нафрли, а за реми погоди Де Јонг.

Во вториот натпевар од истиот термин Клуб Бриж и Монако кој од клупата е предводен од Анри ремизираа 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед започна со подготовки со две нови засилувања

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се појавија на клупската база за да започнат со летни по…