Дома Трансфер зона Интер и Рома во финални преговори за трансфер од 50 милиони!

Интер и Рома во финални преговори за трансфер од 50 милиони!

Во недела на програмата во Серија А е дерби натпреварот помеѓу Интер и Рома, а италијанските медиуми тврдат дека двата клуба преговараат за трансферот на дефанзивецот Манолас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, челниците на Интер сакаат да го искористат доаѓањето на раководството на Рома и да ги финализираат преговорите за трансферот на Костас Манолас.

Интер на „волчицата“ ќе и понуди 45 милиони евра како обештетување плус 5 милиони во име на бонуси, а на фудбалерот годишна плата од 3 милиони евра по сезона.

Манолас е еден од најдобрите дефанзивеци во Серија А, но одби да го продолжи договорот со Рома, па „волчицата“ ќе биде приморана да го продаде на лето.

За Манолас интерес покажаа уште Манчестер Јунајтед и Челзи, но медиумите тврдат дека грчкиот репрезентативец го одбрал Интер затоа што сака да остане на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…