Дома Фудбал Италија Англиските медиуми: Пјаниќ е се она што му недостасува на Јунајтед!

Англиските медиуми: Пјаниќ е се она што му недостасува на Јунајтед!

Јувентус синоќа го надигра Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, а уште една бријлантна партија одигра Миралем Пјаниќ.

Англиските медиуми посебно го пофалија настапот на Босанецот и заклучија дека тој е играчот кој му недостасува на Манчестер Јунајтед.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ова беше вистинска лекција за Манчестер Јунајтед. Со Матуиди од една и Бентанкур од друга страна, Пјаниќ покажа мајсторска класа и покажа како треба да се диригира модерен елитен тим. Покажа карактеристики кои на Јунајтед му недостасуваат: прибраност, контрола, мобилност, флексимилност, способност за клучен пас“, пишува новинарот на „Индепендент“.

Пјаниќ е меѓу тројцата најдобри играчи за врска во светот. Чувствувате дека го игра натпреварот, не со нозе, туку со очи“, додаде новинарот.

Дека Пјаниќ одигра фантастичен меч покажа и статистиката, го заврши натпреварот со 72 додавања од кои 91% успешни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Многу ми е жал за луѓето кои мораа да си тргнат од стадионот додека губевме 2:4

Во исклучително драматичен натпревар Јунајтед го исфрли Лион и помина во полуфиналето на Л…