Барселона без повредениот Лионел Меси ќе го пречека Интер во дербито на денот во среда во Лигата на Шампионите. Да, Барса и покрај се е фаворит на овој меч, но Интер сака да докаже дека местото му е во елитата и ќе направи се за да остане непоразен.
Според сите Барса е фаворит, но …
Голема победа за Барселона на овој меч, нели? Претпоставуваме дека најчесто навивачите на Барселона, па и оние неутралните го очекуваат токму тоа … но нема да биде толку лесно. Барселона беше одлична на стартот на сезоната, но им се случи голем пад. Единствена позитивна работа за нив изминатите месец дена беше тоа што некако успеаа да ги задржат добрите резултати во Лигата на Шампиони. Затоа пак, во Ла Лига на последните 5 натпревари имаат само една победа, еден пораз и три ремија. Сепак изминатиот викенд славеа победа над Севиља со 4:2, па најавите се дека тоа е добар знак пред мечот против Интер.
Меси повреден, како ќе функционира Барса без него
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште полошо, Барселона ќе мора да се спротистават на Интер без Лионел Меси. Тој ќе отсуствува неколку недели, по повредата заработена токму на мечот со Севиља каде постигна еден гол, а асистираше за уште еден. Покрај сите таленти што ги имаат во тимот, има една ѕвезда која сјае посветло од сите останати, но таа звезда нема да сјае на овој меч. Ќе биде интересно да се види како Барса ќе функционира на теренот без Меси, посебно на еден вака голем натпревар. Тој има 65 гола во последните 65 настапи и постигна гол во секој од последните девет настапи како стартер во фазата по групи на Лигата на Шампиони.
Интер сака да докаже дека местото му е во елитата
Интер се врати во Лига на Шампиони по пауза од седум години. Сега имаат мотив и сакаат да докажат дека местото им е во европската елита. Ќе имаат одлична шанса за такво нешто, токму на овој меч и покрај тоа што веќе го докажаа тоа со победите над Тотенхем и ПСВ. Освен тоа, Интер се наоѓа во одлична форма во последно време. По променливиот старт на сезоната, сега Интер и Спалети имаат серија од 7 победи по ред. А во овој меч, оваа екипа влегува по големата победа на Милан во дербито изминатиот викенд. Атмосферата во тимот е одлична, апетитите пораснаа, а Спалети создаде одлична кохезија па токму тоа е предноста на Интер на овој меч.
Целиот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk