Дома Фудбал Добри вести за Арсенал: Капитенот почна да тренира после неколку месеци

Добри вести за Арсенал: Капитенот почна да тренира после неколку месеци

Капитенот на Арсенал и француски репрезентативец, Лоран Кошчелни е целосно рехабилитиран од повредата на ахиловата тетива, пренесуваат англиските медиуми.

Поради оваа повреда Кошчелни не тренираше од мај месец и го пропушти Светското првенство во Русија, каде неговата Франција ја освои светската титула.

Според официјалната страна на Арсенал, Французинот за прв пат после повредата одработи цел тренинг со остатокот од тимот. Меѓутоа, се уште не е влезен во оптимална форма за да се врати на терените.

Сепак, ова е добра вест за Емери бидејќи наскоро ќе може да смета и на услугите на Кошчелни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…