Дома Фудбал Лига на шампиони Eвра има тешка одлука – за кого да навива: Манчестер Јунајтед или Јувентус?

Eвра има тешка одлука – за кого да навива: Манчестер Јунајтед или Јувентус?

Утре во Лигата на шампионите не очекува натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дерби на третото коло во Лигата на шампионите секако ќе биде натпреварот во кој Манчестер Јунајтед ќе го пречека италијанскиот шампион, Јувентус, предводен од Кристиано Роналдо.

Може да се каже дека Италијанците ќе биде благи фаворити бидејќи се лидери во групата со шест бодови, додека „црвените ѓаволи“ имаат четири. Меѓутоа клуб со таква традиција, невозможно е да се нарече аутсајдер против било која екипа на светот.

Неутралните љубители на фудбалот очекуваат атрактивен натпревар и погодоци, а навивачите секако се надеваат на победа на својот тим, но постојат и такви кои не знаат за кого да се одлучат.

Еден од нив е човекот кој настапуваше и за двата клуба – Патрис Евра.

„Одлуката од лични причини да го напуштам Манчестер Јунајтед беше најтешка во мојата кариера, но доаѓањето во Јувентус беше убедливо најлесната која ја донесов.

Засекогаш ќе бидам горд на тоа „Форца Јуве“ и „Напред Јунајтед“, порача Французинот преку својот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нутинен: Очекувам тежок дуел со Вардар, сакаме добар резултат пред реваншот

Финскиот тим Купс утре му гостува на македонскиот шампион ФК Вардар во првото коло од квал…