Дома Топ вести Мурињо додатно ја вжешти атмосферата: Сакам да го видам Азар во Јунајтед!

Мурињо додатно ја вжешти атмосферата: Сакам да го видам Азар во Јунајтед!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо додатно ја вчешти атмосферата пред денешното големо дерби против Челзи на „Стенфорд Бриџ“.

„Специјалниот“ изјави дека би бил среќен доколку најголемата ѕвезда на „сините“ Еден Азар се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ќе бидам многу среќен да го видам Азар во Јунајтед. Но, не мислам дека Челзи ќе ни го продаде. И нема смисла да коментираме на оваа тема. Во Лондон имаат интелигентни менаџери кои се разбираат од фудбал“, изјави Мурињо.

„Ако ги погледнете последните години, Еден е најдобар фудбалер во Премиер лигата. Тој е фудбалер, кој може да го промени текот на натпреварот во секој момент“, додаде Португалецот.

Деновиве иднината на Азар е главна тема на Островот поради фактот што Белгиецот јавно призна дека негов сон е да заигра за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…