Поранешниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез е импресиониран од настапите на својот поранешен соиграч Лионел Меси.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Чави повеќе од десет години играше заедно со Меси во Барселона, верува дека се уште не сме го виделе најдобро издание.
„Меси и понатаму напредува, развива нови квалитети и покажува нови способности. Тој е друга планета, имаме среќа што го гледаме секоја недела во Барселона каде што игра веќе 14 години и се надеваме дека тоа ќе потрае“.
„Верувам дека ќе се врати во репрезентацијата на Аргентина, бидејќи го познавам и секогаш сака да се натпреварува и кога ќе има време да размисли сигурен сум дека ќе се врати“, изјави Чави.
Потоа Чави зборуваше и за критиките на Марадона упатени кон Меси.
„Критиките на Марадона не беа фер, фудбалот многу се промени во однос на неговото време“, истакна Чави.