Еден од фудбалските терени во академијата на Манчестер Сити ќе го носи името на поранешниот играч на овој тим.
Голманските тренинзи во академијата во Манчестер Сити сега ќе се одржуваат на теренот кој ќе го носи името на голманот Џо Харт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сето ова е во знак на она што овој голман го прикажа во Манчестер каде што помина цели 12 години.
Џо Харт беше член на Манчестер Сити од 2006 година, но ова лето се реши да замине после две години во кои беше испраќан на позајмици во Торино и Вест Хем.
Место за Харт во тимот на Пеп немаше, па Харт мораше да побара нов клуб, на крајот го избра Барнли каде што оваа сезона бранеше на осум натпревари.
https://www.youtube.com/watch?v=HgGyiTbsXXU