Дома Топ вести Елмас може да бира – три европски гиганти во трка за неговиот потпис!

Елмас може да бира – три европски гиганти во трка за неговиот потпис!

Maкедонскиот фудбалер од средината на теренот, Елиф Елмас кој е член на турски Фенербахче би можел и да ја промени средината.

Како што пренесуваат турските медиуми Елмас е мета на три европски гиганти и тоа Манчестер Сити, Севиља и Тотенхем!

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во текстот се наведува дека Фенербахче има намера да го задржи Елмас до крајот на сезоната, но не е исклучена можноста да биде продаден и во јануари доколку стигне адекватна понуда.

Елмас е една од ретките светли точки во Фенербахче кој оваа сезона не игра според очекувањата и се наоѓа на 15-тата позиција на табелата.

Како најсеризоен кандидат за Елмас во овој момент се истакнува Тотенхем со оглед на тоа дека Покетино во него гледа замена за Муса Дембеле.

19 годишниот Елмас од своето деби во 2015 година во сениорска конкуренција запиша 65 настапи, а треба да се потсети и дека пред трансферот во Турција се поврзуваше со Манчестер Сити.

https://www.youtube.com/watch?v=Uqo3_ouh2sY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…