Дома Фудбал Конечно добри вести за Реал Мадрид

Конечно добри вести за Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесоа одлични вести за Реал Мадрид и тврдат дека Иско и Марсело можат да се вратат на теренот уште за натпреварот против Леванте викендов.

Иско беше итно опериран на 25-ти септември поради воспаление на слепото црево, но веќе тренира со тимот и се очекува да се врати на теренот против Леванте.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Марсело пак заработи повреда на потколеницата при поразот од Севиља на 26 септември но веќе два дена тренира со остатокот од тимот.

Се очекува тренерот Лопетеги сепак да биде внимателен, но постои веројатност да им даде минутажа уште против Леванте, за да влезат во ритам пред големото дерби против Барселона кое на програмата е на 28-ми октомври.

Иско ги пропушти последните 4 средби на кои Реал не успеа да победи и запиша три реми и еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…