Дома Останати Шампионот во УФЦ во тешка категорија: Кабиб во боксерскиот ринг ќе добие страшен ќотек од Флојд

Шампионот во УФЦ во тешка категорија: Кабиб во боксерскиот ринг ќе добие страшен ќотек од Флојд

Кабиб Нурмагомедов неоадамна го предизвика непоразениот боксерски шампион Флојд Мејведер, а после одговорот на боксерот изгледа дека на големо се подготвува нивната борба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, сега Кабиб доби порака од шампионот во тешка категорија во УФЦ, Даниел Кормиер, тој смета дека борбата со Мејведер за Кабиб е лоша идеја.

„На Кабиб му е подобро да не размислува на такво нешто. Не знам што се обидува да постигне“, изјави Кормиер.

Боксерските вештини на Кабиб се далеку послаби од оние на Конор Мекгрегор, а сите знаеме дека Ирецот не се прослави во борбата со Мејведер и поради тоа Корниер не му дава никакви шанси на Кабиб.

„Доколку не мисли тоа да го прави само поради пари, подобро да не го прави затоа што ќе добие страшен ќотек. Го сакам Кабиб, но реално, Флојд ќе го претепа. Тоа е лудо, мислам дека Кабиб бил толку исфрустриран што ќе почне да ги користи своите техники на давење во боксерскиот ринг“, смета Кормиер.

Ќе потсетиме, Кормиер беше дел од тимот на Кабиб кој се обидуваше да го смири во кафезот во Лас Вегас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…