Дома Фудбал Останато Хрватот открива: Модриќ се обложил на Роналдо и – изгубил!

Хрватот открива: Модриќ се обложил на Роналдо и – изгубил!

modric

Соблекувалната не верувала, но се случи.

Лука Модриќ откри дека никој во соблекувалната не верувал дека Роналдо може да замине.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се појавуваа такви гласини и во минатите години, па остануваше. Навистина никој не ги сфаќаше сериозно најавите дека може да не напушти“.

„Дури се обложивме со оние неколкумина кои сметаа дека ќе замине и на крајот го изгубивме облогот, многу играчи беа изненадени кога не напушти и премина во Јувентус“, изјави Модриќ кој заедно со Роналдо се главни фаворити за освојување на „Златната топка“.

Хрватот откри и дека никој не верувал и дека Зидан ќе замине.

„На никој не му паѓаше на памет и дека Зидан може да замине. Тој е одличен човек и тренер, навистина би сакал да имав можност да бидам негов соиграч. За време на тренинзите понекогаш игравме на иста страна и навистина може да се забележи дека е еден од најдобрите играчи на сите времиња“, додаде Модриќ.

Модриќ не сакаше да го коментира изборот за „Златната топка“.

„Од мене нема да слушнете дека сум најдобар, дека сум ја заслужил таа награда и слично. Можам да кажам само дека ова е најдобрата година во мојата кариера“, заклучи фудбалерот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…