Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Зенит, Леандро Паредес.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ сакаат значително да го засилат тимот во зимскиот преоден рок, па покрај Пакета ќе донесат уште најмалку две засилувања.
Приоритет е засилување на средниот ред, а прва желба е аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес.
Паредес веќе има искуство во Серија А каде настапуваше за Емполи и Рома, а пред две години за сума од 35 милиони евра се пресели во Зенит.
Наводно Милан веќе има комплетен договор со играчот, кој сака да се врати во Италија, па останува уште двата клуба да се договорот околу отштетата.