Џенова би можела добро да заработи доколку се одлучи да го продаде полскиот напаѓач.
Пиатек игра фантастично на почетокот на сезоната и дефинитивно ќе биде еден од најабарните играчи во следниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полскиот напаѓач на седум натпревари во Серија А успеа да постигне девет погодоци и во овој момент е прв стрелец во лигата.
Медиумите веќе започнаа да пишуваат дека голем број европски клубови внимателно ги следат неговите настапи, а првиот чекор го направил Наполи, тврди „Газета дело Спорт“.
Според информациите на реномираниот медиум, Де Лаурентис до Џенова испратил понуда вредна 25 милиони евра надевајќи се на преговарчките способности на Аркадиуш Милик и Пјотр Зјелински кои се соиграчи на Пиатек во репрезентацијата.
Сепак, тешко дека оваа понуда ќе ги задоволи апетите на раководството на Џенова кое добро знае дека од Пиатек може да заработи и двојно повеќе.