Раководството на Јувентус не брза на да му понуди нов договор на дефанзивецот Даниеле Ругани, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ругани ова лето беше на чекор од трансфер во Челзи за 40 милиони евра, но „старата дама“ сепак одлучи да го задржи во своите редови.
Италијанецот се смета за еден од најперспективните дефанзивци во светот и покрај фактот што не добива голема минутажа кај „бјанконерите“.
Челзи му нудеше многу поголема плата, па медиумите тврдеа дека Јувентус откако го задржи ќе му понуди нов договор, меѓутоа „старата дама“ го држи дефанзивецот на стенд-бај.
Актуелниот договор на Ругани со Јувентус истакува во 2021 година според кој заработува 3 милиони евра по сезона, па јасно е зошто „старата дама“ не брза да му понуди нов договор.
Меѓутоа италијанските медиуми тврдат дека Ругани не е задоволен од својот статус и можно е да побара трансфер на крајот на сезоната.