Дома Фудбал Италија Добри вести за Јувентус: Алегри повторно може да смета на „грешникот“

Добри вести за Јувентус: Алегри повторно може да смета на „грешникот“

Бразилецот наскоро се враќа на теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчот на Јувентус, Даглас Коста повторно се стави на располагање на својот тренер Алегри откако ја одработи суспензија од четири натпревари која ја доби после натпреварот против Сасуоло.

Бразилецот тогаш доби директен црвен картон поради плукање на фудбалерот на Сасуоло, Еусебио Ди Франческо.

Коста не можеше да помогне ниту на своите колеги во Лигата на шампионите против Јанг Бојс поради повреда на левата нога, но сега се врати на тренинзите и Алегри би можел да го користи веќе наредното коло од Серија А кога Јувентус против Џенова ќе игра на „Алијанц Арената“.

„Старата дама“ одлично ја започна сезоната со максимален учинок во сите натпреварувања во 10 натпревари (осум во Серија А, два во Лигата на шампионите).

https://www.youtube.com/watch?v=8ebXlANiA-A

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство. Како ПАМЕТНО…