Дома Фудбал Репрезентации Мбапе продолжува да испишува историја, вчера собори уште еден рекорд!

Мбапе продолжува да испишува историја, вчера собори уште еден рекорд!

Младиот француски фудбалер Килијан Мбапе вчера собори уште еден рекорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мбапе игра во неверојатна форма и со 19 години веќе собори неколку рекорди кои тешко ќе ги достигне некој фудбалер во блиска иднина.

Талентираниот фудбалер заигра за својата репрезентација во пријателскиот натпревар против Исланд кој беше завршен со резултат 2:2.

Во листата на стрелци, Мбапе се запиша во 90-тата минута и така собори уште еден рекорд.

Имено, тој стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал десет голови во репрезентативниот дрес пред да наполни 20 години.

Со оглед дека дури на крајот на оваа година ќе наполни 20, јасно е дека пред него има уште барем два репрезентативни натпревари, а со тоа и можност да го подобри рекордот.

https://www.youtube.com/watch?v=pzjPdOx8qQk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…