Дома Трансфер зона Ето не помислува за крај – заминува во Кина!

Ето не помислува за крај – заминува во Кина!

Искусниот камерунски напаѓач, Самуел Ето по се изгледа ја заврши својата авантура во Турција, но не помислува да ги закачи копачките на клин.

Имено, медиумите тврдат дека Ето кариерата ќе ја продолжи во Кина бидејќи за него интерес покажува второлигашот Далиан Јифанг, кој сака да го комплетира трансферот до крајот на месецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно понудата од кинескиот клиб тешко може да се одбие бидејќи станува збор за голема сума на пари, како за играчот така и за неговиот клуб.

Ето во моментов настапува во Анталијаспор, но турскиот клуб е спремен да го пушти, па медиумите тврдат дека трансферот би требало да се комплетира во следните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…