Дома Фудбал Останато Си измислил фудбалска кариера: Мексиканец убедливо лажел дека е фудбалер на Јувентус!

Си измислил фудбалска кариера: Мексиканец убедливо лажел дека е фудбалер на Јувентус!

Мексиканец по име Дионико Фарид одлучил да си измисли своја фудбалска кариера.

На својот Инстаграм профил тој се претставил како 19 годишник роден во Мексико и како играч на тимот на Јувентус до 20 години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Торино „пристигнал“ откако скаутите го забележале на еден турнир во САД, а претходно го носел дресот на максиканските Лобос и Пумас.

Изманикот е откриен откако Јувентус потврди дека ниту помеѓу сениорите, ниту во јуниорите нема ниту еден Мексиканец.

Од каде тогаш Фарид на тренингот на младинскиот тим на Јувентус? Така што тој својата глава ја ставал на телото на Португалецот, Жоа Сера.

Откако измамата била откриена, Инстаграм го отстрани профилот на Фарид на кој има 16.000 следбеници. На него повеќе од една година објавувал лажни фотографии, интервјуа, извештаи од натпревари…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…