Дома Трансфер зона Дојде како големо засилување, а сега сака да си оди: Не сум среќен!

Дојде како големо засилување, а сега сака да си оди: Не сум среќен!

Арсен Венгер во последните денови од летниот трансфер период на „Емирати“ го донесе шпанскиот напаѓач Лукас Перез и за него плати 20 милиони евра.

Сепак, Перез добива многу мала минутажа оваа сезона, па јавно преку својот агент порача дека не е среќен и дека сака да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Лукас не е среќен во Арсенал и сака да замине по секоја цена. Венгер го купи минатото лето, но не му дава воопшто минутажа. Без разлика кој ќе биде тренер на Арсенал следната сезона, играчот сака да го напушти клубот“, откри агентот.

„Веќе имаме контакти со неколку клубови меѓу кои и Милан. Лукас би бил пресреќен доколку се реализира тој трансфер. Во секој случај сигурно е дека следното лето ќе ја промени средината“, додаде агентот.

Шпанскиот напаѓач оваа сезона одигра само 899 минути за „топџиите“ и постигна 2 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…