Mладиот полски напаѓач Криштоф Пиатек е апсолутна сензација во Серија А каде што на седум натпревари постигна дури девет погодоци.
„До вчера“ анонимниот 23 годишен напаѓач се најде на мета на големите европски клубови, а последниот клуб кој се појави како потенцијален негов купувач е Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити за Пиатек би платил сума од 30 милиони евра, но да го доведат овој напаѓач нема да им биде нималку лесно. Бидејќи претходно со соиграчот на Пандев се поврзуваа Тотенхем, Јувентус и Барселона.
Сепак, конкретни бројки не се споменуваа. Италијанските медиуми пишуваат дека 30 милиони евра би требал ода бидат доволни за Џенова да се откаже од услугите на супер талентираниот голгетер.
Пиатек во Џенова пристигна ова лето од Краковија за сума од 4.5 милиони евра и има договор до летото 2022 година.