Дома Фудбал Нови проблеми за Реал – Бензема неизвесен за „Ел Класико“

Нови проблеми за Реал – Бензема неизвесен за „Ел Класико“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема се здоби со повреда за време на мечот со Алавес минатиот викенд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ беа поразени во самиот финиш со 1:0, а најверојатно на тој меч го загубија и својот напаѓач, Карим Бензема.

Вчера 30-годишниот напаѓач бил на детални медицински прегледи кои потврдиле дека има истегнување на мускуот на десната потколеница.

Од клубот не откриваат колку време ќе биде надвор од терените првиот стретец на тимот, но медиумите претпоставуваат дека станува збор за период од 2 до 3 недели.

Поради тоа постои веројатност Бензема да го пропушти големото дерби со Барселона на „Камп Ноу“ кое се игра на 28-ми октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светот беше згрозен од начинот на кој беше пречекана химната на Иран во Калифорнија (Видео)

Пред почетокот на натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло на Светското првенство…