Беше Мурињо на работ на амбисот кога Манчестер Јунајтед губеше од Њукасл со 0:2. Доколку Јунајтед го изгубеше тој натпревар тешко Жозе да ја преживееше и саботата, а не нешто повеќе.
Во тој натпревар Манчестер Јунајтед направи пресврт со головите на Хуан Мата, Ентони Марсијал и Алексис Санчез и сега „ѓаволите“ имаат шанса во наредните две недели кога е репрезентативната пауза да ги поправат работите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тој натпревар, навивачите јавно се огласија преко официјалниот гласноговорник и порачаа дека во целост го поддржуваат Мурињо и побараа од управата пари за засилувања.
„Како сопственици на клубот морате да го поддржите секој тренер, кој и да е во прашање. Го доведовте Мурињо и сега морате да му дадете поддршка. Но, освен поддршка, дајте му и пари за засилувања во јануари“, порача Шон Боунс и така го изнесе ставот на целата организација со јасен поглед на ситуацијата.
„Со последните 20 минути против Њукасл, Мурињо си купи време, Но за секој тим во Премиер лигата ситуацијата е иста – ова е бизнис заоснован на резултат. Тоа го знае и Жозе. Постојат причини зошто Манчестер Јунајтед е еден од најголемите клубови во светот. Кога и клубот да се најде пред тежок предизвик секогаш успевал да го пронајде вистинското решение“, објасни Боунс.
Боунс призна и дека Ед Вудворд заслужил критики поради односот кој го имал кон Мурињо и личната војна која двајцата ја водат, а потоа „боцна“ и еден од главните луѓе во клубот.
„Колку што знам, човекот кој го води клубот е Џоел Глејзер. Според тоа секоја одлука е одлука на Џоел Глејзер“, јасно порача Боунс.