Бурата околу борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов и понатаму не се смирува.
Веројатно и во наредните денови ќе се пишува како Нурмагомедов го „задави“ Ирецот, а подоцна предизвика тепачка надвор од кафезот. После победата Дагестанецот и се извини на јавноста, но напомена дека повеќе внимание се посветува на тоа што тој направил, отколку на тоа што го победил Мекгрегор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конор после борбата замина и преку социјалните мрежи најави ново соочување со Кабиб во Октагон.
Денес Ирецот повторно беше активен на социјалните мрежи и постави слика на која може да се забелжат последици од борбата (модрото око), под која напиша:
„Го загубивме мечот, но ја добивме битката. Војната продолжува. Војната продолжува“.
Што ќе биде во иднина се уште не е потврдено, најпрво треба да се почека казната од УФЦ која сигурно ќе следи за Кабиб поради излегувањето од кафезот.