Дома Фудбал Останато Роналдо не препушта ништо на случајноста: Го ангажираше еден од најпознатите адвокати во светот

Роналдо не препушта ништо на случајноста: Го ангажираше еден од најпознатите адвокати во светот

Како што е веќе добро познато Кристиано Роналдо е обвинет дека ја силувал Американката Кетрин Мајорга во Лас Вегас во 2009 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од моментот кога девојката излезе со ваквото тврдење за германски „Шпигел“ оваа вест тема број еден во светските медиуми. Португалецот, јасно остро и ги демантираше сите обвинувања и порача дека ова е само обид на некој да се прослави на негова сметка.

Полицијата во Лас Вегас го отвори случајот, па поради тоа Роналдо не сакаше да препушти ништо на случајност и го ангажираше еден од најдобрите адвокати во светот.

Португалецот ќе биде застапнуван од Дејвид Чеснов кој е еден од најпознатите помеѓу славните личности. Тој во своето сиви може да се пофали дека ги заштитувал, Мајк Тајсон, Парис Хилтон, Леонардо Ди Каприо, Шекил Ониј, Бруно Марс, Адре Агаси, а продолжи да биде адвокат на семејството на починатата музичка ѕвезда Мајкл Џексон.

Полицијата од Лас Вегас, освен тоа дека официјално го започнала случајот не дала никакви други информации и не е познато дали Португалецот ќе биде повикан на разговор и дали имаат цврсти докази за да можат да го обвинат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …