Дома Трансфер зона Баерн Минхен тргнува по ѕвездата на Рома

Баерн Минхен тргнува по ѕвездата на Рома

Како што пренесуваат италијанските медиуми, германскиот шампион Баерн Минхен сака наредното лето во своите редови да ја донесе младата ѕвезда на Рома, Џенгиз Ундер.

Ундер минатото лето пристигна во Рома за 13 милиони евра и после првичниот период на адаптација, блесна во вториот дел од сезоната.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Оваа сезона турскиот репрезентативец продолжи со добрите настапи и веќе постигна два гола. Баерн Минхен во него гледа идеална замена за Робен, па е спремен следното лето да понуди 60 милиони евра.

Робен ја игра последната сезона во Минхен и Баварците се веќе во потрага по негова замена, а Ундер игра точно на таа позиција.

Баерн ќе треба да се избори со големата конкуренција бидејќи силен интерес за турчинот покажуваат уште Арсенал и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…