Дома Трансфер зона Ибра проговори за трансферот во Милан: Мене ме сака цел свет!

Ибра проговори за трансферот во Милан: Мене ме сака цел свет!

Златан Ибрахимовиќ во свој стил го прокоментира евентуалниот трансфер во Милан во зимскиот преоден рок.

Италијанските медиуми веќе неколку дена пишуваат за интересот на Милан, кој сака да го донесе Ибрахимовиќ во јануари на шестмесечна позајмица.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поради тоа и самиот Ибрахимовиќ се огласи на таа тема.

„Гласини секогаш има, но тоа е сосема нормално бидејќи мене ме сака целиот свет. Сите знаат дека Италија е мојот втор дом, а Милан е еден од најголемите клубови во светот“, изјави Ибра.

Швеѓанецот играше на „Сан Сиро“ од 2010 до 2012 година и во 61 натпревар постигна 42 гола. Со Ибра во своите редови, Милан ја освои својата последна титула во Италија во 2011 година.

Во оваа сезона, 37-годишниот напаѓач има 24 натпревари за ЛА Галакси на кои постигна 20 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …