Дома Фудбал Лига на шампиони Летното засилување на Клоп се повреди против Наполи: Колку ќе паузира?

Летното засилување на Клоп се повреди против Наполи: Колку ќе паузира?

keita

Во вчерашниот натпревар против Наполи во Лигата на шампионите, Ливерпул го забележа првиот пораз во новата сезона.

Тимот на Клоп беше комплетно надигран и Наполи сосема заслужено ги освои трите бода, иако до нив стигна до голот на Лоренцо Инсиње во последните минути од натпреварот.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


После средбата Клоп кој секако беше разочаран од резултатот мораше да зборува и за повредата на фудбалерот кој ова лето пристигна во Ливерпул, Наби Кеита.

Кеита беше дел од стартниот тим на „црвените“, но средбата мораше да ја заврши уште 19-тата минута, поради повреда. На прес-конференцијата Клоп откри дека станува збор за повреда на грбот и дека се уште ги чека првите информации за сериозноста на истата.

„Кеита го повреди грбот, барем засега добив такви индормации. Не можам точно да кажам за што се работи и колку ќе паузира, мораме да почекаме да видиме што ќе кажат резултатите“, изјави Клоп.

Ливерпул, после овој пораз во Лигата на шампионите има учинок од една победа и еден пораз..

https://www.youtube.com/watch?v=xprc_SK7um4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Терзиќ: Реал не заслужи да победи, но има убиствен инстикт

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ истакна дека неговиот тим не заслужил пораз од …