Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО: Клајверт вчера собори два рекорди и уште еднаш покажа дека е голем човек

ВИДЕО: Клајверт вчера собори два рекорди и уште еднаш покажа дека е голем човек

cluivert

Пред него е уште долг пат за да ги докаже своите играчки квалитети, но Џастин Клајверт дефинитивно е голем човек.

Кога на почетокот на јули пристигна во Рома ја образложи својата одлуката поврзана со бројот на дресот, Тој го избра дресот со број 34 во чест на неговиот пријател од Ајакс Абделхак Нури, фудбалер кој кариерата ја заврши после тешки компликации кои следеа после колапсот на терен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во вчерашниот натпревар против Викторија Плзен го постигна неговиот првгол за Рома во Лигата на шампионите.

Со овој погодок воедно Клајверт стана најмладиот фудбалер кој бил стрелец за Рома во Лигата на шампионите и најмладиот Холанѓанец кој бил стрелец за странски клуб во најелитното европско натпреварување.

https://www.youtube.com/watch?v=3iLU_SBJ-5g

И во тие моменти повторно покажа човечка големина. Истрча до аут линијата и со дрес со бројот и презмието на Нури го прослави погодокот.

„Капа доле“ за младиот Клајверт!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…