Дома Фудбал Донесена одлука: Серија Б продолжува со нормално функционирање

Донесена одлука: Серија Б продолжува со нормално функционирање

Фудбалскиот сојуз на Италија донесе официјална одлука оваа сезона Серија Б да продолжи со 19 клубови.

Проблемите во италијанската втора лига настанаа кога Бари, Авелино и Чезена банкротираа на самиот старт од сезоната, па лигата од 22 клуба беше намалена на 19.

Во меѓувреме дури пет клубови од Серија Ц (Катанија, Новара, Тернана, Про Верчели и Сиена) се јавија дека се спремни да ја пополнат таа празнина, но ФС Италија после повеќедневно разгледувања ја одби таа можност.

Серија Б поради ваквите случувања краток беше и суспендирана, но после оваа одлука ќе продолжи со нормално функционирање, а што ќе биде со трите клубови кои се отпишани останува да се види.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбангула со хет-трик го урна Милан: Болоња од 1-2 до 4-2 на „Сан Сиро“!

Милан водеше на полувремето со двата гола на Алфаджо Сисе, но Болоња постигна три погодоци…