Дома Трансфер зона Гвардиола објасни зошто Мбапе нема дојде во Манчестер Сити

Гвардиола објасни зошто Мбапе нема дојде во Манчестер Сити

mbappe guardiola

Гласините се составен дел од фудбалот, колку клубот е поголем, толку повеќе има и гласини.

Во последно време медиумите на Островот започнаа да го поврзуваат суперталентираниот тинејџер Килијан Мбапе со трансфер во редовите на Манчестер Сити.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Денес стратегот на „граѓаните“ беше и повеќе од јасен на оваа тема.

„Тоа нема да се случи. Не разбирам од каде доаѓаат таквите информации. Манчестер Сити нема да потроши пари колку што Мбапе заслужува или подобро кажано колку што Пари Сен Жермен ќе бара. Претпоставувам дека ПСЖ ваков играч нема да продаде барем во наредните неколку сезони. Значи, тоа нема да се случи! Мбапе нема да дојде во Сити. Ниту пак ќе го дадеме Рахим Стерлинг за него или било кој друг голем играч кој го имаме“, јасен беше

Гвардиола, па продолжи:

„Не разбирам од каде ви се таквите вести, навистина не разбирам. Луѓето би требало да имаат повеќе почит кон Пари Сен Жермен, Манчестер Сити и играчите на овие клубови“, заврши Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер купува дефанзивец од „Олд Трафорд“

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…