Дома Фудбал Останато Пари Сен Жермен ќе биде последниот клуб за Ди Марија во Европа!

Пари Сен Жермен ќе биде последниот клуб за Ди Марија во Европа!

di maria

ПСЖ многу веројатно ќе биде последниот клуб во Европа за искусниот Аргентинец.

Пари Сен Жермен не потврдил, но сите релевантни медиуми во Франција пренесуваат – Анхел Ди Марија го продолжил договорот со „светците“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Крилниот напаѓач и пред неколку дена зборуваше дека би сакал да остане во Париз, а изгледа дека сопствениците на богатиот клуб му ја исполниле желбата.

„Нов договор? Зошто да не, би сакал да останам. Се надевам дека Пари Сен Жермен ќе биде мојот последен клуб во Европа“, изјави Аргентинецот кој претходно потенцираше дека сака кариерата да ја заврши во неговаа татковина.

Ди Марија ставил потпис на соработка до 2021 година. Тогаш веќе ќе има 33 годин и би можел без оштета да се врати во Аргентина, ако се водиме според неговата желба.

Поранешниот фудбалер на Реал, Манчестер Јунајтед, Бенфика и Росарио игра добро оваа сезона. Очигледно му одговара соработката со Томас Тухел, за што говори неговиот досегашен учинок од три гола и три асистенции во Лига 1.

Според претходниот договор Аргентинецот заработуваше околу 11 милиони евра. Засега нема информации какви услови добил во новиот.

https://www.youtube.com/watch?v=24g4V1ZM4mE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…