Диего Коста никогаш нема да му прости на Антонио Конте за начинот на кој буквално го избрка од Челзи.
Италијанецот шпанскиот напаѓач го отпиша во текот на престојот на „Стенфорд Бриџ“, а дека не смета на него го известил преку СМС порака.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, ниту тој не остана уште долго на клупата бидејќи пред почетокот на оваа сезона беше заменет со Маурицио Сари.
Сега Коста се прашува каде е Конте.
„Беа тоа тешки моменти за мене, но тоа не беше моја грешка. Луѓето многу зборуваа, а времето ги намести работите на свое место. Погледнете каде е сега Конте. Поради него на грд начин го напуштив Челзи“.
„Освоивме титула со Конте и после се он ми испрати порака дека повеќе не ме сака во тимот. Ми порача да тренирам со резервите, но јас тоа го одбив и останав со семејството во Бразил. Има работи кои парите не можат да ги купат“, изјави Коста.
На шпанскиот репрезентативец му оди одлично во Атлетико каде што фудбалската јавност го запозна пред неколку години.