Договорот на Бразилецот истекува наредното лето, а би можел да го замени поранешен член на Сао Паоло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Спортмедијасет“ тврди дека Интер покажал интерес за фудбалерот на Аталанта Рафаел Толои.
Според истиот извор, „нероаѕурите“ не се единствени кои сакаат да го видат овој фудбалер во своите редови. Наводно за 27 годишниот дефанзивец интерес покажал и англиски Саутемптон.
Бразилецот во Бергамо пристигна во 2015 година и полека стана стандарден член во италијанскиот клуб.
Веќе зад себе има 88 натпревари за Аталанта и изгледа дека е вистинско време за следниот чекор во кариерата.
Треба да се спомене и дека се обиде и во Рома една година пред се пристигне во Бергамо, но на „Олимпико“ не успеа да се наметне.