Реал Мадрид и Барселона се двата најдоминантни тима во шпанската Ла Лига и многу ретко губат натпревари.
Сепак, и големите ѕвезди на Каталонците и Кралевите понекогаш се случи да изгубат, но навистина е реткост тоа да се случи во ист ден.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Токму тоа се случи синоќа. Прво Барселона изгуби на гостувањето кај Леганесе иако водеше со 1:0, а потоа Реал доживеа вистинска катастрофа од Севиља со пораз од 3:0.
Кога последен пат изгубиле Реал и Барса во ист ден? Беше тоа пред скоро четири години, поточно на 4. јануари 2015 година. Барса беше поразена на гостувањето кај Сосиедад, а Реал од Валенсија.
Инаку, нивните синоќешни порази најмногу ги искористи екипата на Атлетико Мадрид, која сега има само два бода помалку на табелата од споменатите ривали.