Дома Фудбал Иско се огласи после операцијата!

Иско се огласи после операцијата!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Иско утрово имаше операција на слепо црево, па поради тоа неколку недели ќе биде надвор од терените.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иско вчера доби напад на слепо црево и докторите му советуваа веднаш да оди на операција, па утрово беше опериран во болница во Мадрид.

Од клубот соопштија дека операцијата поминала во најдобар ред и дека Иско веднаш ќе започне со рехабилитација. Плејмејкерот уште денед излезе од болница, но не е познато кога ќе му биде на располагање на тренерот Лопетеги.

„Им благодарам на сите кои ми испратија пораки. Се помина во најдобар ред“, се огласи Иско преку социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сериозни избори по 17 години: Перез доби голем конкурент за претседателската позиција

Во Реал Мадрид за прв пат по 2009 година ќе се одржат избори за претседател на кои Флорент…