Дома Трансфер зона Какво заминување: Диего Коста потпишува мултимионски договор со Челзи!

Какво заминување: Диего Коста потпишува мултимионски договор со Челзи!

Иако во зимскиот преоден рок беше на чекор да го напушти „Стенфорд Бриџ“ и да се пресели во Кина, сепак Диего Коста наскоро ќе го продолжи договорот со „сините“.

„Сан“ пишува дека Диего Коста начелно постигнал согласност со Челзи за потпишување на нов пет годишен договор со плата од 220.000 фунти неделно плус бонуси.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тоа значи дека во следните пет години ќе инкасира 57 милиони фунти, а со дополнителните бонуси оваа цифра може да се искачи и до 65 милиони фунти.

Диего Коста беше на прагот на заминување во Кина, откако клубот Тианјин му понуди годишна плата од 30 милиони фунти, па „сините“ мораа да реагираат и да му понидат побогат договор.

„Сега се е во ред. Диего е навистина важен фудбалер за нас. Ситуацијата е многу јасна. Тој е среќен да остане со нас и да се бори за титули. Мислам дека ќе остане уште долго во Челзи“, истакна Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…