Мохамед Салах според ФИФА го постигна голот на годината и оваа награда веднаш „крена прашина“ и слободно може да се каже со право.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Египќанецот не ја доби наградата за најдобар фудбалер, а не беше сместен ниту во најдобриот тим, а наградата која ја освои за гол на годината според поголемиот дел од фудбалската јавност не ја заслужи.
Реакциите кои се кренаа со право веројатно ќе бидат уште поголеми после последниот факт кој го изнесоа Англичаните – голот на Салах не беше избран ниту за гол на месецот во Премиер лигата!
Голот на Салах беше постигнат во декември, а за тој месец најдобар во Премиер лигата беше оној на Џермејн Дефо против Кристал Палас.
TУКА можете да прочитате повеќе останатите ЧУДНИ одлуки кој вчера ги донесе ФИФА.