Во генералниот поредок на Ф1 оваа сезона Луис Хамилтон има огромни 30 поени предност пред возачот на Ферари, Себастијан Фетел, а него го следи клубскиот колега Кими Раиконен. Од Ферари не го кријат разочарувањето што нивниот возач не е на лидерската позиција, а самиот Фетел на себе ја зема одговорноста за овој резултат.
Оваа сезона Германецот имаше недопустливи грешки на трките за Големите награди на Азарбејџан, Франција, Германија и Италија, каде имаше блиски контакти со Хамилтон поради што беше приморан трката да ја продолжи од последната позоција.