Дома Фудбал Останато Роналдо на ФИФА и објаснил зошто вечерва нема да се појави?

Роналдо на ФИФА и објаснил зошто вечерва нема да се појави?

ФИФА вечерва ја организира церемонијата на која ќе биде избран најдобриот играч во светот за 2018 година.

Оваа награда минатата сезона ја освои Кристиано Роналдо кој и оваа година е во конкуренција заедно со Лука Модриќ и Мохамед Салах.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Денес беше објавено дека Кристиано Роналдо нема да се појави, а португалскиот фудбалер својата одлука ја објаснил со едноставна причина дека обврските не му дозволуваат. Јувентус во среда игра против Болоња и Роналдо објаснил дека поради тој натпревар не е во можност да се појави.

Ќе потсетиме Португалецот не се поајви ниту кога УЕФА неодамна го избираше најдобриот играч во Европа. Од тој момент на големо се пишуваше дека Португалецот не присустуввал затоа што знаел дека наградата ќе ја освои Модриќ.

Поради таквата ситуација очекувањата се и вечерва Роналдо да не ја „одбрани“ големата награда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Избран најдобриот фудбалеер во Премиер лигата во ноември!

Фудбалерот на Брентфорд, Игор Тијаго, е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во н…