Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелни смета дека актуелниот состав на „старата дама“ е најдобриот во последните 8 години.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јувентус седум години со ред е шампион на Италија, а ова лето го привлече најдобриот фудбалер во светот, Кристиано Роналдо.
„Сите очекуваме од Роналдо да постигнува голови. Тој имаше лош момент со црвениот картон во Лигата на шампиони, но тој останува клучен играч за нас. Можам да кажам дека овој тим на Јувентус е најсилниот во последните осум години“, истакна Киелини.
„Не сум изненаден од прогресот на Бернардески, а Дибала пак беше многу важен за нас и минатите години. Доколку продолжи да работи така секоја година ќе биде се подобар“, додаде дефанзивецот.