Дома Фудбал Англија Тешки денови за Чилеанецот: Санчез како Фалко…

Тешки денови за Чилеанецот: Санчез како Фалко…

Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи откако што вчера освои само бод против Вулверхемптон (1:1) во натпреварот од шестото коло во англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ одиграа уште еден многу лош натпревар на „Олд Трафорд“, а навивачите многу незадоволни ги напуштија трибините на овој стадион. На социјалните мрежи многу играчи на Јунајтед наидоа на удар од критики од јавноста, но изгледа дека тоа најмногу се однесуваше за Алексис Санчез.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Чилеанецот на почетокот на оваа година пристигна од Арсенал како големо засилување, но се уште мака мачи со вклопувањето во идејата на Жозе Мурињо. Од Алексис многу се очекува оваа сезона, но вчера одигра уште еден натпревар за заборав.

Некои навивачи на Манчестер Јунајтед одлучија да гласаат и да го изберат Санчез за едно од најлошите засилувања на овој клуб во последните дваесет години. Тие сакаат Мурињо да го испрати Чилеанецот на клупа и да му даде шанса на Мартиал или Рашфорд, бидејќи тешко дека тие можат да одиграат полошо во овој момент од Алексис.

„Алексис Санчез е само еден Радамел Фалкао во низа. Тоа значи дека живее на основа на старата слава од своето име“, напиша еден од навивачите на Јунајтед на Твитер.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Детал од соблекувалната на ПСЖ покажа зошто Луис Енрике моментално е најдобриот тренер во светот

Луис Енрике се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако беше откриено…