Дома Фудбал Англија Клоп за благата криза на Салах: Сите очекуваат како претходната сезона, ние не!

Клоп за благата криза на Салах: Сите очекуваат како претходната сезона, ние не!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана на страната на својот најдобар играч Мохамед Салах на денешната конференција за новинари.

Салах е во блага голгетерска криза, бијдеќи нема постигнато погодок на последните три натпревари, но Клоп застана во негова одбрана.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Нормално дека сите од него очекуваат исто како претходната сезона. Ние тоа не го очекуваме. Колку голови постигна во првите шест натпревари минатата сезона? Три. А на првите шест оваа сезона постигна два. Оу, каква криза! На него му требаше малку време претходната сезона, како што на сите нас ни треба. И оваа сезона одлучи да земе малку време.“ – изјави Клоп.

Да потсетиме, Ливерпул до сега оствари пет од пет на стартото од сезоната во ПЛ, а во наредното коло се среќава со Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Автомобилот на Диого Жота целосно изгорен – снимка од местото на трагедијата (Видео)

Фудбалскиот свет е во шок поради трагичната сообраќајна несреќа во која животите ги загуби…