Дома Фудбал Непромислениот потег скапо ќе го плати: Навивачот на Лион добива доживотна забрана! (ФОТО)

Непромислениот потег скапо ќе го плати: Навивачот на Лион добива доживотна забрана! (ФОТО)

Жестока реакција од страна на францускиот клуб.

Фудбалскиот клуб Лион соопшти денес дека со доживотна суспензија ќе го казни својот навивачи кој изведе нацистички поздрав во текот на натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Гестикулацијата се гледа на снимката која се појави на друштвените мрежи и поради тоа привлече жестоки критики. Управата на Лион соопшти дека е запознаена со случајот и дека работи на идентификација на навивачот.

„Во моментот кога ќе го идентификуваме ќе добие доживотна забрана“ се наведува во соопштението од Лион кое го пренесуваа британските медиуми.

Лион во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите направи изненадување и го совлада фаворитот Манчестер Сити во првиот натпревар од групата „Ф“ (1:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…