Европската фудбалска федерација (УЕФА) денес отвори дисциплинска постапка против напаѓачот на Јувентус, Кристиано Роналдо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, Роналдо во вчерашниот натпревар протиов Валенсија заработи директен црвен картон после дуелот со Мурлио, а денес е отворена дисциплинска постапка.
Португалецот се соочува со неколку натпревари суспеннзија, а состанокот на УЕФА по повод овој случај ќе биде одржан нардниот четврток и тогаш би требало да биде донесена одлуката за Роналдо.
Роналдо со сигурност ќе го пропушти натпреварот против Јанг Бојс во наредното коло.
Меѓутоа, тоа не е се. Доколку УЕФА процени дека казната би требало да биде поголема би можела да му додели дополнителен еден или два натпревари суспензија во тој случај би го пропуштил и гостувањето на „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед.