Како што пренесуваат англиските медиуми Јирген Клоп и Жозе Мурињо се силно заинтересирани за бразилскиот талент, Малкон.
Овој 19-годишен фудбалер кој моментално настапува за Бордо го привлече вниманието на многу европски гиганти, но најсилен интрес покажуваат токму Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Малкон има договор со Бордо до 2020 година, но тој призна дека е спремен да ја промени средината и да заигра за поголем клуб.
„Не е важно за кој клуб или шампионат ќе играм. Сакам да играм за голем европски клуб и да ја освојам Лигата на шампиони“, призна Бразилецот.
Малкон е офанзивец играч за врска, технички одлично поткован и оваа сезона има постигнато 6 гола и запишано една асистенција.