Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил кој неодамна се повлече од репрезентацијата на Германија добива голем број критики поради слабите настапи во дресот на „топџиите“.
Озил во последно време на големо се поврзува со заминување од Арсенал, досега како негов нов потенцијален клуб најмногу поради неговите „турски врски“ се споменуваше Фенербахче.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес медиумите од Островот пренесуваат дека Жозе Мурињо кој со Озил соработуваше три години во Реал Мадрид би сакал да ја обнови соработката со Германецот, овој пат во Манчестер Јунајтед.
Соработката со Мурињо би можела да биде привлечна за Озил со оглед на тоа дека токму под негово водство играчот за врска го играше најдобрито фудбал во кариерата.
Како една од опциите преку која Озил би завршил на „Олд Трафорд“ се споменива Ерик Бајли кој би тргнал во спротивен правец. Бајли во Јунајтед имаше лош почеток на сезоната, па сега почесто се наоѓа на клупата за резерви.