Дома Фудбал Италија Случајот не е завршен, се огласи и фудбалерот кој беше плукнат од Коста!

Случајот не е завршен, се огласи и фудбалерот кој беше плукнат од Коста!

Mногу прашина во Италија се „крена“ после инцидентот помеѓу Даглас Коста и Федерико Ди Франческо.

Бразилецот го плукна Италијанецот, а потоа се појавија толкувања на медиумите на Апенините дека потегот на Коста бил такво затоа што Ди Франческо расистички го навредил Бразилецот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сега во јавноста се огласи фудбалерот на Сасуоло и тврди дека таквите пишувања немаат врска со вистината. Сасуоло на својот Твитер профил постави изјава од Ди Франческо.

„Длабоко сум загрижен поради тврдењата и лажните вести кои се појавија во мојата земја. Сето ова е навредливо и погрдно. Тоа е резултат на фантазирањето на луѓето. Барам и сакам да бидам почитуван“, изјави Ди Франчесо.

Во текот на натпреварот во кој Јувентус славеше со 2:1, Коста и Ди Франческо имаа неколку дуели, а се кулминираше со споменатата ситуација.

Бразилецот беше исклучен после прегледувањето од ВАР и сега ја чека дополнителната казна, а сојузот сигурно дека ќе ги истражува и зборовите на Ди Франческо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mилевски за натпреварот со Данска: Штета што повторно не играме дома!

Репрезентацијата на Македонија на денешната ждрепка во Цирих го дозна противникот во полуф…